Adam Denovan Joseph

Џозеф Денован Адам (1881-1935) Македонија „Варда“ фронт, масло на платно

Штотски сликар на животни, син на Џозеф Денован Адам (1841-1895) исто така познат сликар на животни од Шкотска. Студирал на Школата за уметност во Глазгов 1897-1899 но исто така земал часови од татко му, со кого работел заедно во селото Craigmill Farm во Шкотска. Во Глазговското Школо на уметност е забележано дека Адам е одликуван […]

Armour Denholm George

Коњ и воен камп, Солун 1919, пастел

Сликар на животни и илустратор, роден во Ватерсајд, Ленкшир 1846, починал во Вилтшир во 1949. Студирај на Универзитето Св. Андрју и на Уметничкото школо во Единбург, како и во Кралската Академија на Уметност. Ученик на Поберт Александер (1840-1923). Во 1910та, студира воени јавачки вештини на Шпанската Јавачка школа во Виена. Армоур ја посетува Македонија за […]

Augustinčić Antun

Споменици на крал Петар и Александар, Скопје 1937, бронза.

Роден на 4ти Мај 1900 во Клањец, починал на 10ти Мај 1979 во Загреб. Антун Аугустинчиќ е еден од најпроминентните Хрватски вајари и водечки Југословенси уметник после Втората Светска Војна. Неговите најпознати дела се споменикот Мир пред зградата на Обединетите Нации во Њујорк како и статуата Рудар пред зградата на Меѓународната Трудова Организација во Женева. […]

Arsenović Nikola

Македонски девојки, акварел

Српски кројач, антрополог и илустратор, роден во Осјек, починал во Белград. . Како самоук сликар патувал скоро две декади низ Хрватска, Босна, Црна Гора, Македонија и Србија , сликајќи народни носии. Во 1868ма пробал да основа уметничко & занаетчиска школа во Зрењанин, Рума и Ирига. Во 1873та, ја нуди својата голема колекција на нацртани народни […]

Argyros Oumbertos

Снежно село во Македонија

Роден во Кавала, починал во Атина. Значаен Грчки импресионист. Студира на Ликовната Школа во Атина во класата на Никифорос Литрас. За време на Втората Светска Војна работи како званичен воен сликар на Грчко-Италианскиот фронт . Неговите слики можат да се најдав во Воениот Музеј на Атина. Агирос го посетил Македонскиот регион во 1920тите години. Неговата […]

Andrejevič Djordje Kun

Македонка 1946 масло

Роден на 31ви Март 1904 во Бреслау, Германија (денешен Вроцлав, Полска), починал на 17ти Јануари 1964, Белград, Југославија. Српски сликар со врвно реноме. Познат како автор на грбот на град Белград и ко-автор (заедно со Антун Аугустинчиќ во 1946) на Грбот н аРепублика Македонија. Роден во Српска фамилија во Германија, но го поминува целото свое […]

Amiguet Marcel

Македонски Пазар со селани пред џамија, 1929 , масло на платно

Швајцарски сликар, патеписец, музичар и музички и ликовен теоретичар. Роден е во Оллон на 24-07-1891 и починал во Олон на  10-08-1958. Одкако живеел 15 години во Париз, Франција, поаѓа на подолго патување помеѓу 1929 и 1932, патувајќи низ Италија, Југославија, Грција, Кикладите, Турција, Сирија, Ирак, Персија, пристигнувајќи дури до Бомбај, Индија. Патувал во специјално за […]

Amable Benoist

Кавадарци, акварели и цртежи, 1915

Може да се најде многу малку информации за овој сликар, кој што живеел и работел во Тулуз, Франција во периодот 1900-1940. Бил на Македонскиот фронт во периодот 1915-18 каде што прави серија на цртежи од Кавадарци, Криволак, Вардар , Солун и солунско. За жал оваа колекција е распрскана со поединечна распродажба преку Ибеј во периодот […]

Allfree S. Geoffrey

Повлекување од Солун, 1915 , акварел

Починал во битка во Првата Светска Војна. Џефри Стивен Алфри е реномиран Австралиски воен сликар и поручник во Австралиската армија. Неговите слики се наоѓаат во колекциите на Кралскиот Воен Музеј во Лондон, Библиотеката Александер Трнбул во Нов Зеланд, итн. Го посетил Солун и Солунскиот фронт во 1915та каде што го направил акварелот “Повлекување од Солун„. […]

Aich Richard

Скопје (Ушкуб), пазар 1918, масло на платно

Роден во Гаислинген, починал во Улм, стодиран на Ликовната Академија во Минхен и Штутгарт. Бил Германски воен сликар за време на Првата Светска Војна. Својата војна кампања, ја започнува како доброволец во артиљериската дивизија во Италија, а во 1916 пристигнува во Македонија во склоп на Баварската пионерска компанија. Тука добива наредба од Германската команда на […]