Scott Georges

Премин преку реката Струмион на Кресненската Висина, 1913, масло на платно

Роден во Париз на 10.06.1873. Жорж Скот (Французин, и покрај тоа што името му звучи Англиско) бил син на гравер и илустратор. Бил студент на Ед. Детаил. Ја започнал својата кариера во 1890тите каде што работел како воен кореспондент за магазинот  L’Illustration за време на Балканските војни во 1912-13. Кога започнала Големата Војна во 1914, […]

Spacal Lojze

Ромско маало во Скопје, 1956, дрвопис во боја

Роден во Трст, Италиански сликар и член на Словенската заедница во Италија. Во 1930та бил уапсен поради анти-фашизам и протеран во Ацетура. За време на неговите години во егзил, го открива својот сликарски талент. Во 1934та дипломира на Уметничката Школа во Венеција. За време на Втората Светска Војна учествува во анти-фашистичкото движење и борба. По […]

Spenser Stanley

Носилата пристигнуваат со ранети на собирната станица во Смол, Македонија 1916 Во колекција на Империјалниот Воен Музеј, Лондон, масло на платно

Роден на 30.06.1891 во Кукхам, Беркшир, починал на 14.12.1959 во Клајвден, Сер Стенли Спенсер е водечки Британски воен сликар од двете големи војни. Неговите дела се примарно поврзани со религиозни асоцијации и се претежно надреални во стилот. Стенли Спенсер бил ученик на познатала ликовна школа  Слејд на 17 годишна возраст. Бил селектиран од Кралската Ликовна […]

Spenser Gilbert

Сестрите пристигнуваат во 28мата генерална болница, Солун, Декември 1915, акварел

Помладиот брат на Сер Стенли Спенсер, роден на 04.08.1892 во Кукхам, Беркшир, починал на 14.01.1979. Студирал сликарство на Школото за применета уметност во Камбервел, Кралскиот Ликовен Колеџ (дрвопис) 1911-12, и на ликовната школа Слејд 1913-15. За време на Првата Светска Војна служел во Кралските Болнички Единици најпрво во Бристол (со брат му Стенли на кратко) […]

Staikov Vesselin

Прилеп 1943, цртеж со графит

Роден на 31.06.1906 во Пештера, Бугарија, починал на 10.07.1970 во Виена, Австрија. Студирај на Ликовната Академија во Софија во 1925 во класата на проф. Борис Митов и Никола Маринов. Ја започнал својата кариера со печатарска работа и неговата прва изложба била во 1933 во Куќата на Графиката во Софија. Добитник е на голем број награди […]

Stanyo Stamatov

Кон Прилеп, 1915, акварел

Роден на 16.02.1887 во село Шипка, Бугарија, починал на 17.01.1963 во Минхен, Германија. Студирал сликарство во 1911 на Софиската Ликовна Академија во класата на професор Иван Мрквичка. Специјализирал по сликарство во Германија во периодот 1925-27 и во Франција во 1926. Бил исклучително продуцктивен сликар, организирал повеќе од 40 изложби. Најчесто сликал фигуративни композиции и пејсажи, […]

Steinhardt Jacob

Јакоб Штајнхард (1887-1968) бил сликар и дрворезец, кој работел претежно со дрворезни гравури кои претставувале библиски и други Еврејски сцени. Роден е во Зерков, Германија но емигрирал во Израел во 1933. Студирал на Ликовното Училиште во Берлин во 1906, а потоа студирал кај Луј Коринт и гравирање кај Херман Струк во 1907. Од 1908 до […]

Stewart A.J.

Илустрации за магазинот  The Graphic, од 22.121917, Нигрита (Серез)Егејска Македонија

Илустратор на реномираноит магазин “The Graphic”. Бил присутен на Солунскиот фронт. Неговите илустрации: “На патот кон Нигрита (Егејска Македонија)„, “ Преминот Махмудли: Оштар свиок„ и “ Застој на патот за Нигрита„ биле публицирани во “The Graphic” магазинот на 22 Декември 1917.

Suisse Gaston

Кулата во Крани, Преспанско езером 1917м дрворез во боја

Роден на 01.12.1898 во Париз, починал на 07.03.1988 во Париз., Гастон Суис се смета, заедно со Пол Жув, за еден од најважни Француски сликари на природа и животни. Во 1913 дипломира на Школата за Декоративна Уметност во Париз. Стапува во контакт со сликарон на животни и природа Пол Жув и веднаш донесува одлука да се […]

Šuput Bogdan

Кратово 1936, акварел

Роден и починат во Нови Сад, Српски сликар од покраината Војводина. Студирал сликарство во Нови Сад а подоцна и на Ликовната Академија во Белград (1932-36), на отсекот Ликовни учители. Живеел и работел во Париз во 1938/39 година после што се враќа во Нови Сад. Изработил неколку цртежи од Охрид, Струга и Кратово во 1930тите години. […]