Dolinar Lojze

Споменик на паднатите студенти-војници, Скопје 1935, бронза и мермер

Лојзе Долинар е еден од најпознатите словенечки скулптори од XX-тиот век. Роден е во 1893 година во Љубљана. Неговите рани скулптури се во стилот на академски реализам, симбоизмот, германската сецесија и се создадени во духот на живописната, импресионистичката и ново-барокната модулација, додека тој исто така пристапува и кон експресионизмот. По краткиот престој во САД во […]

Weitz Helmuth

Охрид, црква Свети Наум 1958, акварел

Роден на 5 јануари 1918 година во Дизелдорф, починал во 1966 година во Менхенгладбах. Сликар и графичар од Дизелдорската нео-импрессионистичка школа. Сликал најчесто пејзажи и фигури. Се школувал на академијата во Дизелдорф и бил студент на Хаусер, Киедерих и Јунганес. Неговиот стил на сликање е под влијание на импресионизмот и класичниот модернизам. Вајтс ја посетил […]

Klein Roelof

Куќи во Охрид, акварел

Роден на 6 февруари 1915 година во Леуварден, починал на 15 ноември 1981 година во Харлем, Холандија. Бил автодиктат (самообучен) сликар кој развил уникатен експресионистички стил со кубистички елементи. Воглавно работел со акварел и молив. Член бил неколку уметнички групи на Харлем, како „ Kunst is Onze Doel“ и „ De Groep“. Бил сликар, скулптор […]

Lazhechnikov Ivanovych Oleksandr

Охрид 1925, масло на панел

Руски сликар и графичaр. Роден во Москва. Во 1897 – 1901 година студирал на Вишата уметничка школа за сликарство, скулптура и архитектура на академијата за уметности во Санкт Петербург во студиото на А. Киселинов. Во 1901 година се здобива со титулата уметник. Учествувал на пролетните изложби на Академијата за уметности, во групата Пердервижники (Талкачи) (1900 […]

Székely Josef

Џамија Света Софија 1863

Виенскиот фотограф д-р Јозеф Секељ (1838-1901) е роден во Сомег во близина на езерото Балатон во западна Унгарија и завршил училиште во Шомбабли. Потоа студирал на Универзитетот во Виена и дипломирал во 1860 година со магистерски студии по фармација и во 1862 година со докторат по хемија. Предавал на универзитетот некое време, но потоа, отворил […]

Léon Auguste

Охрид 1913, автохромна фотографија

Француски фотограф кој работел за проектот „Архиви на планетата“ (француски: Les Archives de la Planète) на францускиот милионер и филантроп Алберт Кан (1860-1940) од 1909 година па натаму. Заедно со еден друг француски фотограф, Жан Брин, ја посетиле Македонија за време на Балканските војни во периодот 1912- 1913 година, каде што направиле серија автохроми (една […]

Thielen Herman

Турска куќа во Опаје, цртеж зо мастило

Роден во 1867 во БЕрлин, пошинал на 1930 во Дизелдорф. Германски сликар и графичар. Имал неколку успешни изложби во 1907 и 1908. Регистриран е во повеќе ГЕрмански сликарски лексикони ( Theme Becker, Dressler, итн.) Херман Тилен ја посетува Македонија за време на Првата Светска Војна, најверојатно во функција на воен сликар. Неговите цртежи со мастило […]

Tanev Nikola

Манастирот Свети Јован на Охридско Езеро, 1918, акварел.

Роден на 05.02.1890 во село Свиштов, починал на 23.06.1962 во Софија. Од 1905, живее во Франција каде што студирал на Академијата за Декоративни Уметности во Париз во класата на професор Пол Реноар и проф. Манжан. Танев е еден од нај проминентните Бугарски сликари. Имал повеќе од 28 соло изложби во Бугарија и 27 во Италија, […]

Thil Jeanne

Фонтана Јену-Куле Солун, гваж

Родена на 18.12.1887 во Кале, живеела и работела во Париз. Била студент на Хумберт и Шарл Фукре, како и на Националната Школа за Ликовни Уметности во Париз. Изложувала во Салонот на Француски Артисти од 1911 година. Била под големо влијание на стилот на Шарл Фукре и сликала воглавно историски сцени. Од 1921 започнува со патување, […]

Touchet Jacques

Солун 1917, литографијa

Роден на 17.09.1887 во Париз, починал на 23.11.1949 во Париз. Бил студент на Пол Реноар и Луи Морин. Работел како илустратор на познатото списание L’Illustration. Неговите книги “Мали бизниси во Солун„ (со 12 литографии во боја) и “Скици од Воени Заробеници, Солун„ (со 24 колор цртежи) се објавени во 1918та година. Одтогаш, Туше илустрирал повеќе […]