Gutman D.W.E.

Бродот од неговото Височество Lanfranc испловува од Солун, Планината Атос во позадина.

Малку познат Британски сликар, регистриран е во ликовните лексикони и неговите слики се појавуваат на аукции низ Европа. Служел војска во Британската армија во Солун  1917та, каде што го насликал болничкиот брод “Lanfranc” кој отпловува од Солунското пристаниште со планината Атос во позадина. “Lanfranc” можел да смести околу 403 ранети. Потопен бил од Германска подморница […]

Goulden Jean

Куќа со чардаци во Македонија 1917, цртеж

Роден на 14ти Јуни 1878 во Шарпетри, починал во Рем на 14ти Ноември 1946. Жан Гулден бил доктор по медицина, сликар и дизајнер познат по неговите емајли/глазури. Најпрво бил венчан со Сибил Булок-Хал, а потоа во 1925 со Доли Шмет, ќерка на познатиот Франсоа-Луи Шмет (1873-1941) со кого ќе соработува во текот на целата негова […]

Gordon Jan

Колона носи муниција, Скопје 1915

Роден во Финчамстед како Годфри Џервис Гордон, и образован во Марлборо колеџот како и Училиштето Труло. Бил сликар и графичар и изложувал во Британија, Европа и Америка. Но исто така е познат како ликовен критичар кој пишувал за магазините Нов Сведок, Обсервери Земја и Вода. Ја издава книгата  Модерни Француски Сликари  во 1922. Исто така […]

Goodman Reginald John

Поглед на воен камп во долината на Вардар 1916, акварел.

Роден во Сент Албан во Хертфоршир, Велика Британија во 1870. Се оженил со познатата сликарка Катлин Дикс во 1899, позната по своите минијатур портрети со кого излага во Салонот на Кралското Друштво на Акварелисти. Студира во Класата на еминентниоакварелист Вилфред Бал пред да ги започне своите патувања во Холандија, Јужн аАфрика и Австралија. Во Австралија […]

Godefroy Louis

Сцена пред кафаната со платани, Солун 1923, бакрорез

Француски бакрорезец, сликар и ликовен истражувач. Луи Годефроа најпрво студирал сликарство во Париз кај Каро-Делваил. Неговиот прв обид во бакрорезбарството е во 1905та година и првите графики ги изложува во 1906та. Скоро во текот на целата негова кариера, неговите гравури и бакрорези се печатени во Париз кај Марсел Гијот. Фодефроа бил патник, патувал  и изработувал […]

Giudjenov Dimitar

Битка за мостот на реката ЦрнДрим, Струга 1915, масло на платно

Роден на 26ти Јануари 1891 во Стара Загора, починал на 25ти Август 1979 во Софија. Син на сликарот Атанас Гиуџенов. Во 1915та дипломира на училиштетот на Индустриска Уметност во Софија, одсек сликарство , во класата на проф. Ѕено тодоров. Во исто време (1913-1915) бил стидент на Националната Школа на Уметност во Париз, во класата на […]

Glišić Dragomir

Роден на 01.03.1872 во Ваљево, починал на 17.06.1957 во Белград. Студирал на Српската Школа за цртање и сликање (1895-98) кај проф. Кирил Кутлик а потоа на Минхенската Ликовна Академија (1899-1904). Бил значаен Српски воен сликар и фотограф во Балканските војни и Големата Војна. Патувал со Дунавската дивизија до Крф. После Крф, стациониран е во Солун […]

Gilbert Charles

Скопје 1958, народни носии, акварели

Роден во Схаарбек во 1906та починал во 2000та година. Шарј Жилбер бил Белгиски експресионист познат по својата светла колоритна палета. Живеел во Париз помеѓу 1918 и 1931 а потоа во Лиеж, Белгија, како што работи најпрво како учител по графичка уметност а потоа и како директор на Ликовната Академија. Во 1950тите години патува низ Шпанија, […]

Gibbings Robert

Солунски градски бедем 1918, дрворез

Роден во Корк, Ирска на 23ти Март 1889, починал во Оксфорд на 19ти Јануари 1958. Роберт Гибингс бил Ирски сликар и писател, најмогу познат по неговите гравури на дрво, дрворези и напишани патеписни и природонаучни книги. И покрај противењето на неговите родител, успева да стурида ликовна иметност во познатото  школото Слејд, како и Централнот Ликовно […]

Gessner Richard

Турски пазар Скопје 1919 - акварел

Роден на 29ти Јули 1894 во Аугсбург, починал на 13ти Фебруари 1989 во Дизелдорф. Германски сликар и ко-основач на важната Германска експресионистичка група наречена “Млада Рајна ( Das Jungen Rheinland)„. Студира во 1913тата на Дизелдорфската ликовна академија кај Лео Спатз и Макс Кларенбах. За време на Првата Светска Војна служи како официјален воен сликар во […]